Татко си го прегазил едногодишниот син пред сопругата и другото дете: УЖАСНА НЕСРЕЌА во Германија

Несреќата се случила на паркинг во Биберг, во близина на Минхен, а на немилата глетка присуствувале 33-годишната сопруга и нивниот втор син.

Таткото го паркирал автомобилот околу 8 часот на 14 јануари, сопругата и другиот син излегле од автомобилот, а таткото сакал да го паркира автомобилот на место за полнење на електрични автомобили.

„Тој тргнал напред од паркинг просторот, а едногодишното дете истрчало од десната страна на возилото пред автомобилот и од силината на ударот паднало под него“, изјавил портпаролот на полицијата, наведувајќи дека мажот управувал возило тешко околу 2.000 килограми, пренесува Билд.

Момчето се здобило со фрактура на черепот и итна помош била побарана во блискиот супермаркет.

Вработените повикале итна помош, каде малиот бил упатен на болничко лекување.

Според минхенската полиција, животот на момчето во моментов не е во опасност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде