Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка и Стража, соопшти ЈП Македонија пат.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, на ден 15.01.2024 год. ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека од 16.01.2024 до 18.01.2024 год. затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд во југозападниот дел од земјата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.