Славчо Попоски објави мапа: Погледнете како ќе изгледа снежниот бран над Македонија

По краткотрајното и поголемо затоплување на времето, за време на викендот кој доаѓа, студен и снежен бран ќе ја зафати целата територија на Македонија, oбјави Славчо Попоски.

Ќе има пообилни врнежи од снег, особено во западните предели од државава.

На планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, во градовите се очекува формирање на снежна покривка од 5 до над 20 сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер.

Во Скопје исто така ќе има врнежи од снег, а ќе се формира и снежна покривка со висина до околу 10-15 сантиметри.

Најголем дел од Балканот овој викенд ќе биде зафатен од снежен бран и од вистинско зимно време, па затоа возачите да бидат крајно внимателни. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Погледнете како ќе изгледа снежниот бран над Македонија кој ќе не зафати овој викенд, на планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка со висина од над 30 – 40 цм, а во градовите од 5 до над 20 цм, во западните предели понекаде и до 30 цм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде