Денеска во 00.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34), С.И.(29) и 22 – годишната В.Д., сите од Штип.
При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати С.И. и В.Д.,
биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја.
И.В. бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.