Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вeчерва околу 19:45 часот се случила на патот Гевгелија – Богданци, објави МИА.Во несреќата учествувувале четири патнички возила.
„Во полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “мерцедес”, “опел корса” и “хјундаи”.Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата“, изјави портпаролката на Секторот за внатрешни работи Струмица, Александра Трајанова, пренесува МИА.
Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на полициската станица во Гевгелија.
Поради несреќата, патот Гевгелија – Богданци е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.
Како што информираат од ЦУК, на местото на несреќа излегла е екипа на гевгелиската Територијална противпожарна едница со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.