Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вeчерва околу 19:45 часот се случила на патот Гевгелија – Богданци, објави МИА.Во несреќата учествувувале четири патнички возила.
Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата“, изјави портпаролката на Секторот за внатрешни работи Струмица, Александра Трајанова, пренесува МИА.
Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на полициската станица во Гевгелија.
Поради несреќата, патот Гевгелија – Богданци е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.
Како што информираат од ЦУК, на местото на несреќа излегла е екипа на гевгелиската Територијална противпожарна едница со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.