Детали за трагичната сообраќајка која ја потресе Македонија

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци.

Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.

Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка „мерцедес“, „опел корса“ и „хјундаи“.

Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија, изјави Трајанова.

Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот беше затворен, а сообраќајот се пренасочуваше преку селото Богородица.

ТППЕ Гевгелија интервенираше на местото на несреќата со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде