Физички ја нападнал, извршил обљуба врз неа и ѝ одзел пари: Полицијата приведе 34-годишен маж

СВР Тетово информира дека на 18 јануари во 17 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го  лишиле од слобода 34 годишниот Б.Х. од Дуф.

Тој бил пријавен од 47-годишна жена од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско село, дека пред две години физички ја нападнал, извршил обљуба врз неа и ѝ одзел пари.

„Според пријавеното, Б.Х. и после тоа упатувал закани на неа и нејзиниот малолетен син доколку не прифати да се гледа со него.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот,

по што ќе следува и соодветна пријава.“, соопшти полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде