„Не верувам во смрт и знам дека и ти сјаеш таму некаде…“ – погребана младата Андријана, неутешниот татко со трогателни зборови

Српската пејачка и дипломиран правник Андријана Лазиќ трагично загина на 10 јануари, паѓајќи од 24. кат на зграда во Дубаи. Андријана имаше 28 години.

Телото на Андријана завчера беше донесено на белградскиот аеродром, а таа беше погребана вчера, 19 јануари, во Велина Село, родното место на нејзиниот татко.

По погребот, Небојша Лазиќ на социјалните мрежи објави видео колаж од фотографиите на својата ќерка.

„Те сакам“, наведе неутешниот татко и додаде емотикон со скршено срце.

Во друга објава го фотографирал ковчегот и напишал:

„Едно е сигурно, секогаш ќе го паметиме времето што го поминавме со неа. Патувај адвокатке и нека те чуваат ангелите.“

Инаку, на погребот вчера се појавија нејзините другарки кои беа со Андријана во Дубаи, но не кажаа ниту збор за трагичниот настан.

Другарките на Андријана носеа бели маици со ликот на Андријана преку јакните, за последен пат, на тој начин да ѝ оддадат почит.

„Не верувам во смрт бидејќи гледам ѕвезди. Тие сјаат далеку, далеку во темнината, иако не можам да ги допрам, тие постојат. Затоа не верувам во смрт и знам дека и ти сјаеш таму некаде“, напиша неутешниот татко на Андријана на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде