Проверувајте ги сметките: Овие средства наскоро ќе „легнат“ на вашите сметки

Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење.

За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра.

Овие пари се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијаат врз семејните буџети кај повеќе од 500.000 корисници на оваа мерка.

Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија. Се повеќе граѓани бараат фискални сметки од бизнисите.

Наскоро се очекува да пристигнат средствата од Управата за јавни приходи на сметките на граѓаните кои скенираат фискални сметки.

Корисниците на МојДДВ, средствата за последното тромесечје од 2023 година треба да ги очекуваат уште во почетокот на месец февруари.

Според Законот, Управата за јавни приходи средствата од „Мој ДДВ“ треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде