ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од ранетите од пукањето во тетовската болница

На Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје починал еден од браќата од тетовско Гајре, кои беа повредени со огнено оружје на 11 јануари во кругот на Клиничката болница во Тетово.

Од КАРИЛ потврдија дека починал постариот од браќата А.М на 41 година.

Во пукањето пред девет дена повреден беше и неговиот брат З.М.(36) кој, исто така, се наоѓа на лекување во КАРИЛ.

Употребата на огнено оружје и ранувањето на двајцата браќа од Гајре се случи на 11 јануари околу 18 часот пред Ургетниот центар на Клиничката болница.

Двајцата браќа во текот на вечерта беа однесени на КАРИЛ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде