УЖАС: Jа истепал поранешната девојка, па со другарите го тепале нејзиното ново момче

Штипјанец ја истепал поранешната девојка, па со другарите го тепале и нејзиниот нов партнер, соопшти МВР.

– На 19.01.2024 во 22.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.В.(22) од Штип затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 18-годишна девојка од Штип,

а по нападот, тој, Д.М.(20) и Б.П.(22), двајцата од Штип, започнале физичка пресметка со нејзиното момче П.Б.(23) од Штип.

Во полициска станица биле приведени Д.М., Б.П. и П.Б. и со нив бил извршен службен разговор, стои во полицискиот билтен.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде