Рок-музичарот Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа синоќа во Македонија, објавија српските медиуми.
Според изворот, Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20 часот, на магистрачниот пат Куманово – граничен премин Табановце.
Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „фолксваген голф“ и патничко возило „опел инсигнија“, за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид – вели изворот.
Од повредите во незгодата починала 49-годишна кумановка, која била сопатничка во возилото „поло“.
Две лица се тешко повредени, а се сомнева дека е повреден и самиот Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе Давид не одговара на повиците и пораките, пренесува „Информер“.