Доцна синоќа страотна сообраќајна несреќа, четири лица итно пренесени во болница

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што синоќа се случила меѓу две возила на патот Неготино – Кавадарци, потврдија утринава од МВР.

– Синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Неготино-Кавадарци, на местото викано „Маренски уши“,

се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.П.(43) од Неготино и патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(40) од Росоман.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките во возилото „лада“, Г.Г.(39) од Штип и А.В.(42) од Росоман, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, појаснија од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде