Хаос на аеродромот во Белград: Сите патници се евакуираат, лет од Македонија е причина за целата мешаница

Околу 800 луѓе моментално се наоѓаат на еден од катовите на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде во тек е евакуација на патниците поради безбедносни контроли, пренесува Блиц.

Како што дознава медиумот, тоа може да предизвика доцнење и забавување на воздушниот сообраќај од белградскиот аеродром.

Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт.

Така завршиле во транзитната зона, каде што не треба да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.

Патниците од Скопје се запрени и потоа ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот.

Се проценува дека прекинот ќе трае најмалку два часа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде