Објавено видео: Ѓорѓе Давид пред несреќата се снимал

Музичарот Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајната несреќа што се случила вчера вечер пред Табановце, во која загина 49- годишна кумановка.

Несреќата се случила вчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили.

Во тоа време Ѓорѓе Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски, а непосредно пред несреќата се пожалил на лошото време, како и на тоа што не сака зима и снег.

– Ја завршивме последната средба што ја имавме вчера и денеска, заминуваме за Србија, застануваме малку во Ниш. Единствено ненормално ми е што овде во Гевгелија почна да врне снег.

Кога има снег во Гевгелија, мора да станува сѐ полошо и постудено што повеќе се оди на север.

Ја мразам зимата до коска – им се пожалил музичарот од автомобилот на своите сопатници, а погледнете го видеото, што го објави Телеграф.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде