Познатиот музичар беше учесник во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во близина на Куманово
Рокерот Ѓорѓе Давид од „Ѕвездите на Гранд“ имаше сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Куманово.
Во несреќата загина Љ.Т (49) која што беше удрена на автопатот Куманово-Табановце што се случи во текот на вчерашниот ден.
Како што објавија медиумите Ѓорѓе ќе мора да остане во Скопје до петок, кога судот ќе одлучува за неговата судбина.
До среда ќе биде завршена обдукцијата и вештачењето, по што следува одлука од судот дали пејачот ќе биде обвинет.
Потсетуваме, Ѓорѓе по несреќата се огласи кога соопшти дека му се направени анализи и дека во крвта наводно не му било пронајдено алкохол или недозволиви супстанци.
Музичарот исто така за Гранд потврди дека останува во Македонија за да ја испочитува законската процедура.
Тој се здобил со рана на раката која му била зашиена, а како што самиот откри од обвинителството му кажале дека нема да оди во притвор бидејќи не е виновен. Познатиот музичар исто така истакнува и дека е во шок и дека не може да си дојде при себе од ваквиот трауматичен настан, пишуваат медиумите.