Прва изјава на Ѓорѓе Давид по трагичната сообраќајна несреќа

Српскиот рок-музичар и член на жирито на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид ја удрил жената која го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Табановце.

Осноното јавно обвинителство информираше за деталите и според првичните наоди по несреќата, Давид со возилото налетал на жената која стоела на автопатот. Од повредите жената почина.

Во првата изјава по несреќата, Ѓорѓе Давид потврдува дека удрил пешак на автопатот.

– Точно е, се случи несреќа синоќа на три километри од македонската граница. Наводно, девојка и нејзиниот сопатник излегувајќи од своето место влегле на автопатот во спротивната насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила со него.

Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која го возела автомобилот и удрила во нивниот автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не – раскажал Ѓорѓе за „Гранд“ и продолжил:

– По несреќата тие останаа на автопатот, едниот е на левата лента, другиот на десната и минута ипол потоа јас налетав со брзина пропишана со обележаното на автопатот и директно удрив во нив. Со мојот автомобил удрив сопатник кој шеташе по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и тоа беше секунда. Јас налетав на таа личност која се шеташе по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене – објаснил музичарот.

Тој вели дека полицијата брзо дошла да изврши увид, како и дека врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дали бил во алкохолизирана состојба.

– Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанции, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. Потоа ме однесоа кај јавен обвинител, кој истакна дека во овој случај немам никаква вина. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која и настрада – рекол Ѓорѓе и додал дека засега останува во Македонија за да ја испочитува процедурата во вакви случаи.

– Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор, бидејќи немам вина – вели Ѓорѓе и додава дека сè уште не може да дојде при себе.

– Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол. Имам два конци на левата рака поради исекотини. Му благодарам на Бог што имав силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше – вели Ѓорѓе Ѓавид за „Гранд“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде