Трагедија: Едно лице го загуби животот во пожар на куќа

Во пожар што избил рано утрово по 4 часот, во селото Отошница, Општина Ранковце, настрада едно лице, соопшти ЦУК.

Покрај снегот и студеното време имало повеќе пожари и еден фателен пожар во населени места, при што имало и починато лице, соопштија од таму.

Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце.

Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице. За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР СВР Куманово.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово, од 4.25 до 5.45 часот, со седум пожарникари и едно протипожарно  интервенирале заради опожарена на куќа на ул. „716“ бр.9 во населбата „Баново Трло“.

Пожарникарите од БППЗ на град Скопје имале една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала 4 (четири) интервенции поради запалени оџаци.

ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак.

ТППЕ Прилеп, од 20.12 до 21.35 часот, со четири пожарникари и едно протпожарно возило гаснеле опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец с.Беловодица – Прилеп. Имале и една помала интервенција поради запален оџак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде