Трагичен крај на потрагата: Младото момче по кое се трагаше девет дена е пронајдено мртво

Страхиња Богданов (31) кој пред девет дена исчезна во Зрењанин е пронајден мртов.

Трагичната вест за „Блиц“ ја потврдил еден од членовите на неговото семејство.

Да потсетиме, Страхиња исчезна на 13 јануари во Зрењанин, во раните утрински часови.

Како што изјави тогаш неговиот брат, Страхиња во моментот на исчезнувањето носел црна јакна и дека никогаш претходно не исчезнал.

Истрагата ќе ја покаже причината за смртта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде