Врнежите од снег постепено ќе престанат, по што следува многу студено време, особено во седмицата која е пред нас.
Времето ќе биде сончево и ведро со мала до умерена локална облачност, а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина.
Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а тие понекаде ќе се спуштат и до околу -15 степени.
Ќе има места каде температурата науутро ќе се спушти дури до околу -20 степени, со што очекуваме појава на силен мраз.
Во Скопје и околината исто така ќе имаме слично време, а температурата наутро ќе се спушти и под -10 степени.
Многу студено ќе биде и преку ден, особено во првите неколку денови од новата седмица. Тогаш температурите и преку ден на повеќе места ќе останат под нулата.
Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат за неколку степени над нулата.