Жената која загина била прегазена пред очите на ќерката – нови шокантни детали

Страшна сообраќајна несреќа се случи вчера околу 20 часот на автопатот Куманово-Табановце.

Најпрво се судриле два автомобили, по што налетува Ѓорѓе Давид и удира жена која што стоела на автопатот, додека нејзината ќерка, која го возела едниот автомобил, била во нејзина непосредна близина.

Како што пренесуваат медиумите, женско лице со автомобилот влегла на автопатот во спротивна насока и се судрила со другиот автомобил.

По судирот и двата автомобили останале на средина од патот, по што на нив налетал Ѓорѓе Давид и бидејќи била магла, доцна ги видел така што немал време да закочи. Жената што загинала стоела покрај автомобилот, пејачот ја покосил, а во животна опасност е и другиот возач.

Несреќата се случи вчера, а музичарот денес се огласи за „Гранд“ и објасни како дошло до трагичниот настап.

Пред тоа, кога тргна на пат, тој сними „стори“ од Гевелија каде се пожали дека вози по лоши временски услови.

На музичарот веднаш му беше направена анализа на крвта, и како што вели тој, не му се пронајдени никакви супстанци.

Според неговата изјава за „Гранд“, несреќата се случила откако налетал минута и пол по сообраќајката.

Наводно возел со брзина која што е пропишана со знаци на автопатот, но немал време да закочи и удрил во нив.

„Со мојот автомобил удрив во сопатничката што се шеташе по автопатот. Беше магла, ми беа вклучени долгите светла и тоа беше секунда“.

„Јас налетав на лицето што се шеташе по автопатот“, изјави пејачот за Гранд. тој по несреќата беше префрлен во болницата во Куманово, каде му беше пружена помош и му беше сошиена раната на раката.

„Никогаш во животот не сум згазил ни куче, а камоли ова. Се уште сум во шок, ова е пекол“, изјави тој за„ Гранд“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде