Доцна синоќа страотна сообраќајна несреќа, четири лица итно пренесени во болница

Четири лица се повредени од кои еден потешко во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Свети Николе-Скопје во близина на селото Коњари.

– На 21.01.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „’Гоце Делчев“, Свети Николе – Скопје, во близина на с.Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од Б.С.(21) од с.Танушевци – општина Чучер Сандево и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „пежо“, Б.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Б.С.(58) од Скопје,

возачот Б.С. и неговата сопатничка М.Б.(23) од с.Танушевци, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде