Доцна вечерва: Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди границата на Киргистан и Кина

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди границата на Киргистан и Кина, а силно беше почувствуван и во Казахстан.

Земјотресот се случил на 126 километри североисточно од киргистанскиот град Кизил-Су.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јави Ројтерс.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде