Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди границата на Киргистан и Кина, а силно беше почувствуван и во Казахстан.
Земјотресот се случил на 126 километри североисточно од киргистанскиот град Кизил-Су.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јави Ројтерс.
Засега нема информации за материјална штета или жртви.