Драма во Советот на Град Скопје: Kaко не ви е срам, има вработени живеат со една плата, кажи ми што да јадам?

Седницата го градското собрание денеска помина навистина тензично, но за жал истата не резултираше во насока на барањата на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие. 

Атмосферата од таму делумно ја пренесе и партискиот лидер на „Левица“, Димитар Апасиев.

– Македонците и Албанците можат да се изборат за подобро утре само ако КЛАСНО се обединат – како во случајот со ЈСП!!!

p.s.

РАБОТНИК до Трајко Славевски од ДПМНЕ (претседател на Советот на Град Скопје): – „Како да му чекам роденден на син ми, кога плата немам земено“!? – напиша Апасиев. 

Еве го неговиот пост во кое е пренесено и видеото од обраќањето на работниците од ЈСП до претседателот на градското собрание: 

За потсетување автобусите на ЈСП, но и на приватните превозници денеска по 9 часот не возеа, и главниот град остана без јавен превоз. 

Сите вработени беа собрани пред градското собрание каде се одржуваше вонредна седница, токму на тема субвенции за ЈСП, со кои треба да им се исплатат платите. 

Но, Советот на Град Скопје денеска не ја донесе одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за 2024 година. За изгласување на одлуката не беа доволни 22 гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде