Измерени рекордни минусни температури за оваа зима – еве каде беше најстудено

Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност.

Минималните температури ќе бидат во интервал од – 18 до – 8, а максималните од – 3 до 5 степени.

Во Скопје наутро ќе биде ведро и многу студено време, преку ден сончево со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до – 13, а максималните ќе достигнат до 3 степени.

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под – 15 степени.

Најстудено ќе биде денес и во вторник. Од четврток температурите ќе бидат во пораст.

Според податоците на страната на УХМР најстуден град во Македонија е Берово со измерени -19 степени и Битола со -18.

22.01.2024г. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-19 Берово, -18 Битола, -13 Тетово, -12 Прилеп, Демир Капија, Дебар, -11 Скопје-Петровец, Маврови Анови, -9 Крива Паланка, Штип, Кавадарци, -8 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница, Попова Шапка, -7 Охрид, Куманово, -4 Гевгелија, -2 Дојран.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде