Холивудскиот актер Дејвид Гејл, чпочина на 58-годишна возраст. Гејл беше познат на публиката по улогата на Сјуарт Карсон, свршеникот на Бренда (Шенон Доерти) во серијата Беверли Хилс 90210.
Тој го играше и доктор Џо Сканлон во серијата Општата болница Порт Чарлс и Дин Колинс во сапунската опера Савана.
Неговата сестра Кејти Колменарес ја потврди тажната вест и се прости од својот брат со емотивна порака. Причината за смртта е непозната.
„Речиси немаше ден во мојот живот да не си покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен за мене да се соочи со сѐ и секого. Секогаш ќе те чувам во моето срце. Ти си прекрасен, сакан и неверојатен човек кој ти недостига секоја секунда, секој ден, засекогаш“ – напиша Кејти Колменарес.
Пит Фериеро, водител и продуцент на подкастот Беверли Хилс 90210, зборуваше за смртта на Дејвид. Тој објави снимки од Дејвид од подкастот.
“Беше полн со живот и со неверојатни приказни. Благодарен сум што го познавав. Многу сум тажен поради оваа загуба. Тој беше подарок за сите нас” – напиша Фериеро под објавата на сестрата на актерот.
Дејвид Гејл е роден во Тампа, Флорида во 1965 година. На почетокот на неговата кариера, тој глумеше во Murder, She Wrote, Dr. Doggie Howser, Growing Pains, а во 2002 година се појави во филмот a 2002 Bending All the Rules заедно со Бредли Купер и Колин Порч.
Гејл е втор актер од култната серија од 80-те години кој прерано замина во вечноста. Во 2019 година почина Лук Пери на 52-годишна возраст, а акетрката Шенон Доерти, која во Беверли Хилс ја глумеше нивната партнерка Бренда, со години се бори со канцер.