Вонредна вест: Одземен пасошот на Ѓорѓе Давид

На српскиот пејач Ѓорџе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид привремено му е одземен пасошот поради сообраќајката во која тој беше директен учесник, а во која загина 49-годишна кумановка.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се

определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот“ информираат од Обвинителството.

Несреќата се случила завчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили.

Во тоа време Ѓорѓе Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде