Минатата ноќ во Македонија повторно беше екстремно студена и ведра. На многу места температурата се спуштија до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени.
Имаше места, особено Битолкскиот и Беровскиот регион каде што температурата ќе се спушти до околу -20 степени.
Потоа во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено.
Многу студено ќе остане наутро кога температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.
Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени.Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат, објави Попоски во најновата метео анализа, а утрово најави:
Според последните ажурирања на нумеричките модели, до самиот крај на овој месец не очекуваме нови обилни врнежи од снег, а и екстремниот студ полека ќе попушта!
Сепак за во февруари има најава за нови снежни бранови и студови!, напиша Попоски на Фејсбук.