Коментирајќи ги реакциите на неговото интервју за Коридор 8 (популарен подкаст во Бугарија), Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО – Народна партија на Фејсбук коментира:
„1. На некои кругови во Бугарија им е поважно да остане ветото отколку некој да зборува за општата историја.
2. Ветото е одлука со која е направена најголемата емоционална штета кај Македонците према Бугарија, после нејзиното учество во балканските поделби. Ветото дојде во момент кога односите беа најтопли и добри. Ветото ги врати педесет години наназад односите меѓу двете држави и отвори дупка која прашање е кога ќе биде пополнета.
3. Тезата дека никој во Бугарија не го оспорува современиот македонски идентитет, само историјата е проблем, е празна фраза.
4. Ветото ги отвори вратите за невидена доброволна србизација на македонското општество.
5. Дека патернализмот, ароганцијата и нарцизмот што доаѓа од некои кругови во Бугарија се главен проблем во нашите односи од времето на „стамболштината во Македонија…“
6. Станува јасно зошто многу македонски бугарофили до пред некое време, сега се претворени во тврди антибугари.”