Тригодишно девојче загина, мајката со тешки повреди пренесена во болница: Страотна сообраќајна несреќа ја потресе Србија

Едно дете им подлегна на повредите по сообраќајката што се случи на локалниот пат Милентија – Крива Река, општина Брус. Мајката е тешко повредена и пренесена во Клиничкиот центар во Ниш.

Несреќата се случила во 10 часот и 20 минути кога автомобилот слетал во реката, јавува РТС.

Детето и мајката се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош биле пренесени во Здравствениот дом Брус.

Детето им подлегнало на повредите, а мајката е пренесена во Клиничкиот центар во Ниш, каде што е потврдено дека поради повредите е во животна опасност.

„Интубирана е Д.С., која има 31 година. Таа е во лоша општа состојба со повреди опасни по живот“, велат лекарите од тој центар.

Како што неофицијално дознава РТС, несреќата најверојатно се случила поради голомразица на патот и несоодветна брзина.

Истрагата ја вршеше обвинителот на Основното јавно обвинителство во Брус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде