Српскиот музичар Дејан Митровиќ загинал синоќа на патот во правец на Обреновац, кога на него налетал автомобил управуван од жена.
Како што дознаваат српските медиуми, во тешката сообраќајна несреќа што ја предизвикала жена која ненадејно преминала на другата лента, загинал виолинистот на „Оркестар Кралеви“.
Дејан Митровиќ од силината на ударот починал на местото на несреќата.
За жал, немало помош за младиот музичар и лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
„Со голема тага и болка сакаме да ги информираме сите пријатели и колеги дека нашиот член на оркестарот, Дејан Митровиќ Декула, трагично го загуби животот, вечна му слава“, стои во објавата на Фејсбук.
Колегите на Дејан го паметат како велемајстор на виолина, а на своите профили на социјалните мрежи се простуваат од него со емотивни пораки:
„Вака те сакам и вака ќе те паметам. Почивај во мир, мој добар пријателе“, напиша на објавата колешката на Дејан, пејачката Марина Богдановиќ.