Не премногу силен, но сепак доволно да се осети во одредени делови од државата.
Земјотрес со јачина од 2 степени по Рихтер, ова утрово е регистриран на територија на Македонија.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил во источна Македонија односно во близина на селото Мачево, кое е не далеку од Радовиш и на другата страна од Пехчево.
Земјотресот го почувствувале граѓаните од околината на епицентарот.
Серија земјотреси од утрово се забележани и во соседна Бугарија.