Пливаат во паpи! Кои три наши фирми pасполагаат со 2 милијарди евра, а не се банки?

Трите друштва кои управуваат со парите на идните пензионери стануваат главни инвеститори на македонскиот пазар на капитал, пишува Фактор.

По последниот пресек водат пари на повеќе од 584.000 граѓани, а располагаат со 2,23 милијарди евра. Тоа значи дека секој нивни член просечно заштедил досега над 3.800 евра!

Банките, веројатно се најуспешните, но не се најголемите финансиски институции во Македонија. Тоа е факт што го покажуваат официјалните податоци на државната МАПАС (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување).

Трите друштва кои управуваат со парите на идни, а и сегашни пензионери, раководат задолжителни пензиски фондови во вториот столб кои заклучно со завчера (22 јануари 2024 година) чуваат 2,23 милијарди евра. 

Тоа се пари на нешто повеќе од 584.000 во голема мерка идни, а во мал број и сегашни пензионери, а заедничко им е тоа што сите се членови на трите задолжителни пензиски фоднови со кои управуваат друштвата:

„Сава задолжителен пензиски фонд“, „КБ Прво задолжителен пензиски фонд“ и „Тргиглав задолжителен пензиски фонд“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Фактор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде