Пратениците потрошиле скоро 20 милиони денари за патни трошоци – еве кој е рекордерот

Собрание на Република Македонија – најскапиот циркуз на светот! 320.000 ЕВРА за патни трошоци на сите пратеници, рекордер е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Јадранка Поцкова годинава е рекордер во земени средства за патни трошоци.

Согласно податоците кои ги добивме од Собранието на Република Македонија по барање за пристап до инфoрмации од јавен карактер, Поцкова за една година (2023) земала 676.414 денари или речиси 13 илјади евра. 

Поцкова во Собранието поминала 88 дена, што значи дека во просек земала 7.866,5 денари или по околу 125 евра за секој ден присуство во Собранието.

Веднаш после Поцкова на листата е нејзината колешка од СДСМ, Љубица Спасова со 613.983 денари, Миле Талевски (СДСМ) со 602.929 денариМарија Кочовска (СДСМ) со 556.901 денариАнгелинка Петкова (ВМРО-ДПМНЕ) со 542.498 денариДајанчо Ефтимов (ВМРО-ДПМНЕ) со 527.140 денари, 

Драгица Ѓавочанова (СДСМ) со 521.414 денариПанчо Минов (СДСМ) 511.069 денари, Зоранчо Јованчев (ВМРО-ДПМНЕ) со 506.153 денари и листата рекордери ја завршува Миле Лефков (ВМРО-ДПМНЕ) со 488.905 денари.

Извор https://antropol.mk/

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде