Правела операција за зголемување на градите, па доживеала инфаркт: Светот во шок, почина олимписка ѕвезда на 34 години

Џудо шампионката и олимписка ѕвезда, Марисет Еспиноза Гонзалес, почина на 34-годишна возраст, откако доживеала срцев удар по операција за зголемување на градите.

Гонзалес отишла на операција на 21 јануари, кога доживеала удар, од кој не закрепнала.

Таа била петта на Светското првенство во 2011 година, додека подоцна во кариерата дури двапати освои злато на Панамериканските игри во Сан Хозе и Гвајакил, додека среброто го освои во Хавана во 2016 година.

Таа немала преголем успех на Олимпијадата, со оглед на тоа што многу брзо заврши во Рио де Жанеиро во 2016 година, кога беше елиминирана во второто коло.

Во текот на кариерата освоила и два сребрени медали на континенталниот шампионат во џудо во 2016 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде