СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба.
Со труд и напорна работа, со тим од технолози и проектанти, создадовме современ објект за преработка на месо и производство на месни производи.
Индустријата за месни преработки `СОЛЕТА` – Скопје оставајќи ги сите предрасуди ,со организирано производство на површина од 2400 м², на 19 декември 1996г отпочна со работа.
Применувајќи современи методи и следејќи ги новитетите во областа на месопреработката, во текот на изминатите години , а и понатаму, перманентно инвестираме во најсовремена технологија и опрема. Следејќи ги европските и светски трендови како и барањата и очекувањата на купувачите, создадовме македонски производи со препознатлив вкус и врвен квалитет.
Потврда за тоа беше знакот за квалитет `Со гордост од Македонија` кој две години по ред ги награди нашите производи за најдобар вкус и најдобро пакување.
ИМП СОЛЕТА има потреба од 1 лице на следното работно место
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
Kвалификации:
Минимум ССС
Претходно работно искуство во производствен процес
Личен профил:
Организирана и одговорна личност
Способност за индивидуална и тимска работа
Лојалност и иницијативност
Одговорности и задачи:
Тековни работни задачи поврзани со бараното работно место
Водење записи за секој производ
Одржување хигиена на машината на која се работи
Услови за работа:
Работа во 3 смени (Понеделник- Петок)
Годишен одмор – 20 работни дена
Плата до 40.000 ден во зависност од искуството и изработени ноќни смени
Регрес за годишен одмор (К15)
Повеќе инфо имате тука