Славчо Попоски најавува промена на времето

Метео анализа на Славчо Поповски:

Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта.

Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег.

До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однсесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени.

Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде