Прва објава на Ѓорѓе Давид по несреќата: Испрати благодарност до македонската пејачка

На 20 јануари Ѓорѓе Давид, рок музичар и член на жирито на „Ѕвездe Гранда“, имаше сообраќајна несреќа во Македонија, во која поради сплет на несреќни околности налета на жена која го загуби животот.

Оттогаш Ѓорѓе ги минува најтешките денови во животот, а многу негови блиски пријатели и ученици го поддржуваат.

На оваа тема сега преку социјалните мрежи се огласи и последната победничка на популарното музичко шоу, Славица Ангелова, на која Давид и беше ментор.

Целата моја љубов и поддршка ја испраќам до мојот ментор, човек кој безброј пати ја покажал својата хуманост и човечка големина. Навистина ми е жал што минува низ толку мрачно време, но неговото срце и душа се толку искрени.

Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатите во овој трагичен настан. Господ да им даде сила да ги пребродат овие тешки денови – напиша Славица, а пејачот и возврати со својата прва објава на интернет.

Ти благодарам сине мој – одговори Ѓорѓе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде