Се зголемува бројот на загинати при рушење на нелегален рудник за злато во Мали. Црниот биланс се искачи на над 70 загинати. Потрагата по преживеани сè уште трае
Се зголемува бројот на загинати при рушење на нелегален рудник за злато во Мали.
Црниот биланс се искачи на над 70 загинати. Потрагата по преживеани сè уште трае.
Не е познато што го предизвикало уривањето на рудникот, за што Mинистерството за рударство извести дури наредниот ден, истакнувајќи дека загинале неколкумина рудари.
Ваквите несреќи се чести во Мали, третиот по големина африкански производител на злато.
Дивите рудари, чии активности се од мал обем, обично ги игнорираат безбедносните мерки, особено во оддалечените области.