Последна вест: Во полициската акција утрово уапсен советник од Алијанса на Албанците?

Како што веќе објавивме, полициски екипи утрово вршеа претреси и приведуваа членови на криминална група од скопското село Грчец.

Станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.

Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.

Во полициската акција која утрово ја спроведе полицијата уапсен бил и советник од Алијанса за Албанците од општина Шуто Оризари, кој наводно бил припадник на криминалната група Грчец, неофицијално дознава „Фокус“.

Од МВР се уште не излегуваат со детали.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде