ТАЖНА ВЕСТ: На 47-годишна возраст почина познатата актерка, продуцентка и истакната уметница Ивана Мрваљевиќ

Црногорската актерка, продуцентка и истакната уметница Ивана Мрваљевиќ почина денеска на 47-годишна возраст.

Ивана, која остана запаметена како една од најзначајните црногорски актерки на сите времиња, е родена во 1976 година во Цетиње.

Во родниот град дипломирала на Факултетот за драмски уметности во класата на Бор Стјепановиќ во 1999 година. Оттогаш е член на ансамблот на Градскиот театар, каде што подоцна магистрирала продукција во Торино.

Уште во студентските денови остварува неколку улоги, но најзначајните, како во театарот, така и на филмот и на ТВ, следеа во следните децении.

Сите ја паметиме по улогата на обвинителката Кристина во серијата „Будва на пену од мора“, но забележителни улоги имаше во продукциите „Мешан брак“, „Пари или живот“, „Бисер Бојана“ и многу други.

Иако имаше исклучително забележителни улоги во претстави во продукција на бројни домашни и странски театарски куќи, нејзината кариера ќе остане запаметена по нејзиниот неизмерен придонес во работата на Градскиот театар.

Истовремено, подолг период се занимавала и со видео, ТВ, филмска и мултимедијална продукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде