За судија на Уставен суд предложена поранешната потпретседателка на СДСМ

Денеска во Собранието закажани се седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е и Предлогот за избор на судија на Уставен суд.

Согласно објавените информации на страницата на Собранието, за судија на Уставен суд е предложена Ана Павловска-Данева.

СДСМ го отпиша доскорешниот државен јавен обвинител Љубомор Јовевски,

а на негово место предложена е поранешната потпретседателка на се уште владејачкиот СДСМ и поранешна пратеничка од оваа партија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде