Неколкучасовната полициска акција во Грчец, Чаир и Дуќанџик, министерот за внатрешни работи вели дека е резултат на повеќемесечна истрага. Тој излезе со информација дека биле приведени седум лица, под сомнение за убиства и трговија со дрога.
За приведените лица има барање до ОЈО за гонење на организиран криминал за покренување кривична постапка. Шестте од приведените седум лица се уапсени во државава, а едно лице е лоцирано и приведено во Шпанија благодарение на соработката со Интерпол.
Министерот вели дека станува збор за лица инволвирани во многу македонски институции, па дури и дека јавноста ќе се изненадела кога ќе бидат соопштени имињата. Засега имињата не можат да се споделат заради текот на истрагата.
Организираната крмининална група била формирана за вршење убиства од одмазда и по порачка од користољубие. Организаторите создавале планови и одлучувале кој, кога и како да биде лишен од живот, а плановите ги спроведувале лично или преку организираната криминала група.
Водачот на групата извесен 46 годишен Шеваљ Муареми е македонски државјанин. Оваа група која брои вкупно 16 лица и делувала интернационално се товарат за неовластено производтство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци, убиства, обиди за убиства.. Осомничените парите ги инвестирале во недвижнини-вили, луксузни ресторани и во земјава.
Со приведувањето на седумте лица акцијата за гонење на останатите продолжува и понатаму. За истата министерот Спасовски рече дека располагаат со повеќе детални информации, но во интерес на истрагата засега не се споделуваат.
По апсењето на групата, преку фејсбук статус (во живо од затвор) се јави викан Фатлум Ајети Тоте, син на убиениот Џељо Ајети пред повеќе од една деценија (тоа убиство се уште не е расветлено).
Ајети-Тоте е дел од групата Беланоца, која е во улична војна со денеска разбиената група од Грчец.
На видеото кое е објавено на социјалните мрежи, Ајети-Тоте слави со музика, пуши пура и коментира во живо на социјални мрежи од затвор откако полицијата уапси повеќе членови на групата од Грчец.