Дали ќе плаќаме повисоки сметки за струја од 1 јули? Еве што најави Битиќи

Владата нема да ги укине субвенциите за струја после 1-ви јули вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и додава дека ако дојде друга Влада тогаш тоа прашање треба да и се постави на нејзе.

“Не е точно дека Владата ќе ги укине субвенциите за струјата од 1-ви јули, има одлука за субвенционирање до 30-ти јуни, а следната влада која повторно ќе ја предводи СДСМ и ќе биде спремна да направи одлуки што се битни за граѓаните.

Ако дојде друга Влада, прашајте ги нив“, истакна Битиќи.

Во сметките за електричната енергија на регулираниот пазар субвенциите од страна на државата изнесуваат 84 отсто и субвенциите со одлука на Владата траат до 1-ви јулиВо 2022 година преку оваа мерка беа

субвенционирани 4.379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека во 2023 беа поддржани со субвенции над 8.500 домаќинства во државава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде