Телма дознава: Шеваљ Муареми сепак не е уапсен

Меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица за кои Телма го дозна нивниот идентитет.

Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија, подолго време е надвор од Македонија, објави ТЕЛМА.

– Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави телевизијата.

Според Телма, во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол.

Трајковски -Штекли, според полициски извори на Телма, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде