Атиџе во лоша здравствена состојба – итно хоспитализирана во болница

Фејсбук пост на Сузана Турунџиева:

Понекогаш соседот ни е повеќе од роднина!

Бескрајно БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, првата сосетка на Атиџе која видно загрижена синоќа ми се јави и ми кажа дека Атиџе е во лоша здравствена состојба.

Веднаш ја контактирав матичната докторка на Атиџе – др.Сузана Јовановска Илиева, која реагираше во истиот момент, ме смири, ми помогна и ме упати на дежурните во брзата помош на Св.Николе, каде се уверив во нивната огромна експедитивност и професионализам.

Благодарение на нив, Атиџе вчеравечер беше пренесена во болницата во Велес.

Огромна среќа е што и таму, во Интерното одделение, дежурните лекари и дале веднаш терапија и ги направиле сите неопходни анализи.

Денеска Атиџе е во многу подобра состојба, а на моја замолница беше и посетена од др.Лилија Чолакова Дервишова.

Бескрајно БЛАГОДАРАМ добри луѓе, а најмногу од се БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, која за Атиџе се грижи како за нејзина ќерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде