Голема трагедија: Почина познатиот македонски бизнисмен

Утринава во Штип на 51 годишна возраст почина еден од најголемите бизнисмени Тони Димитровски – Папата, објави Телевизија Стар.

Сопственик на познатата компанија Хамачи.

Димитровски на повеќе полиња бизнисот го градеше повеќе од 30 години и за целиот период бележеше огромни резултати.

Спаѓа во редот на најголемите бизнисмени, не само во Штип, туку и пошироко, давајќи пример како еден млад човек тргнувајќи од ништо може да создаде голема лична и професионална сатисвакција.

Димитровски освен успешен бизнисмен беше познат и како сопственик на компанија која покажуваше голема општествена одговорност а тој самиот беше донатор во многу хуманитарни акции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде