Македонија тагувa: Почина познатиот музичар и пејач

Почина македонскиот музичар Златко Милошевски.

Познатиот Злате пееше со многу ѕвезди од македонската естрада и настапуваше во речиси сите места каде се организираат забави.

Неговите колеги и пријатели, тажната вест ја споделуваат на социјалните мрежи и изразуваат сочувство.

На неговиот ФЕЈСБУК профил можете да ги видите тажните овјави по неговата смрт.

„Кога би знаеле што не’ чека и што ќе се случи, можеби би можеле да промениме нешто.. Остана само да се сеќавам на убавите денови поминати со музика и дружба.. Многу боли.. Таму горе да пееш со тоа златно грло, да грмиш како што грмеше и на нашите свирки.. Нека ти е светол патот до вечноста“, објави пејачката Милица Јокановиќ Кузмановска.

Причината за смртта не е позната, но сигурно била ненадејна бидејќи Злате за деновиве имал веќе закажани настапи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде